Американскиот претседател Доналд Трамп упати честитка до новоизбраниот папа Лав XIV, чие граѓанско име е кардинал Роберт Франсис Превост, преку својата платформа „Truth Social“.
„Честитки до кардиналот Роберт Франсис Превост, кој штотуку беше избран за папа“, напиша Трамп. „Голема чест е да се дознае дека тој е првиот американски папа. Каква возбуда и каква голема чест за нашата земја“.

Претседателот додаде дека со нетрпение очекува средба со Светиот отец: „Се радувам на средбата со папата Лав XIV. Тоа ќе биде многу значаен момент!“
Кардинал Превост, досегашен префект на Дикастеријата за епископи, беше избран за папа по смртта на неговиот претходник, што го означи почетокот на ново поглавје во историјата на Римокатоличката црква. Со неговиот избор, САД за првпат добиваат претставник на Апостолската столица.