Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до новоизбраниот папа Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, оценувајќи го неговиот избор како историски момент за Римокатоличката црква и за верниците ширум светот.
Мицкоски изрази надеж дека мандатот на Папата ќе биде воден од мудрост, дијалог и грижа за човечкото достоинство, а на католиците, особено на македонската католичка заедница, им се заблагодари за придонесот кон духовната и општествената разноликост во земјата.