Еве кога Ана престана да му се допаѓа на Бастијан: Швајни повеќе не реагира — исплива нов доказ за разводот

од Љубиша Владимиров
179 прегледи

Драмата што ја потресува и Балканот и Германија добива нов заплет. Гласините за развод помеѓу српската тениска ѕвезда Ана Ивановиќ и легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се интензивираат – а вниманието се префрли и на социјалните мрежи, каде внимателните фанови забележаа нешто необично.

Најновите објави на Ана на Инстаграм– прекрасни селфиња, семејни фотографии и мотивациски цитати – останаа без „срцето“ што со години не изостануваше: лајковите од нејзиниот сопруг. Последниот знак на дигитална наклонетост од Бастијан датира од 3 јануари. Од тогаш – ниту еден лајк, ниту еден коментар. Исто така, Ана последен пат лајкнала нешто од Бастијан на 13 јануари. Потполен молк.

Ако „Инстаграм“ може да се смета за огледало на емоциите, тогаш оваа тишина говори многу. Дали љубовта згаснала многу пред да дознае јавноста?

Сето ова доаѓа во момент кога германските медиуми шпекулираат дека бракот на Ана и Бастијан – по девет години заеднички живот – е пред крај. Среде тие шпекулации, во приказната се појави и телевизиската водителка Естер Седлачек, која е бремена – а идентитетот на таткото сѐ уште не е потврден.

Неколку заеднички фотографии од скијање, објавени од Естер, ја вжештија атмосферата, особено бидејќи беа поставени токму на денот кога Ана објави фотографии со Бастијан од стадионот во Минхен. Подоцна, Швајнштајгер ги избриша тие фотографии и ја отстрани Естер од социјалните мрежи – уште еден потег кој отвори нови прашања.

Дополнително, будните очи на фановите забележале дека Ана веќе извесно време не го носи венчалниот прстен. На нејзините фотографии сè уште се гледа златен прстен, но не и оној кој симболизира брак.

Од љубовна бајка до јавна мистерија

Ана и Бастијан ја започнаа својата љубовна приказна во 2014 година, кога таа го прифати „Предизвикот со ледена кофа“ во рамки на хуманитарната кампања за подигање на свеста за амиотрофична латерална склероза. Таа го номинираше и германскиот ас, а токму преку таа акција започна нивната комуникација.

Во подкаст на германскиот „Билд“ во 2023 година, Бастијан откри детали од почетоците на нивната врска и моментот кога ѝ предложил брак на Ана. „Првпат ја запознав во Њујорк преку заеднички пријател. Не зборував добро англиски, па повеќе ја слушав. Брзо сфатив дека таа е жената на мојот живот“, рече Швајнштајгер.

Тој откри и дека лично го побарал нејзиниот татко за нејзината рака, и тоа на српски јазик. Предлогот за брак се случил во приватен парк во Лондон – истиот оној од филмот „Нотинг Хил“. „Сѐ беше изненадување. Портата беше отворена, ја поканив да влеземе и таму ја поставив прашањето“, изјави тој.

Тенис, смеа и порази

Бастијан со насмевка зборуваше и за нивните тениски дуели:

„Играме тенис и секогаш излегувам порано на теренот, се подготвувам. Таа доаѓа, едвај се загрева, и потоа – катастрофа. Губам 6:1, 6:2 секој пат. Таа тврди дека игра само со 30% од силите“, се пошегува тој.

Но, дали таа леснотија и хумор се само фасада за нешто што одамна се распаѓа во тишина?

Повеќе нема јавни пофалби, нема дигитални срца, нема знаци на љубов. Дали љубовта што изгледаше како бајка ја завршува својата последна страница?

Слични содржини