47
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денес до 16 мај ќе реализира посета на државите од Западен Балкан. В четврток ќе пристигне во Скопје, а в петок ќе партиципира на Самит на европската политичка заедница во Тирана.
Посетата на Кошта е да ја потврди заложбата на ЕУ кон регионот и стремежот на земјите од западен Балкан за влез во Унијата. Ќе дискутира со челниците на државите од западен Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.
Претседателот на Европскиот совет во четврток ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.