Кина: Го поддржуваме планот на Украина, Европа и САД

од Milan1
83 прегледи

Кина го поддржува 30-дневниот прекин на огнот предложен од Украина, Европа и САД, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан.

„Ги поддржуваме сите напори што придонесуваат за мир и се надеваме дека релевантните страни ќе продолжат да го решаваат проблемот преку дијалог и преговори“, повикувајќи на „обврзувачки мировен договор што ќе биде прифатлив за сите страни“, велат од кинеското министерство за надворешни работи.