Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Легендарниот тенисер Рафаел Надал беше избран од Шпанците за најголем и најомилен спортист во земјата во анкета нарачана од еден од најголемите брендови на пакувани ореви, објави весникот „Марка“. Компанијата имаше за цел да им оддаде почит на најомилените личности, моменти и традиции во Шпанија.

Така, Надал освои речиси 50 проценти од гласовите на Шпанците учесници, додека кошаркарот Пау Гасол собра 25% од гласовите, а возачот на Формула 1 Фернандо Алонсо – 22%. Фудбалерите Андрес Иниеста и Ламине Јамал, како и олимписката шампионка во бадминтон Каролина Марин, исто така, добија гласови.

Меѓу најголемите моменти за Шпанците во спортот, голем фаворит со речиси 63 проценти од гласовите е победничкиот гол на Иниеста во финалето на Светското првенство во 2010 година. Потоа следуваат Олимписките игри во Барселона во 1992 година, финалето на Рафаел Надал на Ролан Гарос и бакнежот меѓу Икер Касиљас и Сара Карбонеро.

Слични содржини