📹Пипо Инзаги го прослави влегувањето во Серија А на Пиза со палестинско знаме

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Италијанската фудбалска легенда. Филипо Инзаги мавташе со палестинско знаме додека го славеше пласманот на својата Пиза во Серија А.

Инзаги ја презеде Пиза ова лето и сега успешно ја внесе во Серија А благодарение на ремито 3:3 со Јужен Тирол во 38-то коло. По последниот свиреж, следуваше голема прослава, а легендарниот Пипо, заедно со играчите на Пиза, мавтаа со палестински знамиња.

Пиза моментално е на второто место со 73 бода од 37 одиграни натпревари и се промовираше во повисоката лига заедно со Сасуоло.

Специја, Кремонезе, Јуве Стабија, Катанзаро, Палермо и Чезена ќе играат бараж за преостанатото место во Серија А.

Слични содржини