Пожар во куќата на британскиот премиер вредна два милиони фунти

од desk4
35 прегледи

Британската полиција започна истрага за пожар во приватната куќа на премиерот Кир Стармер во северен Лондон. Според извештаите, никој не е повреден, а пожарот бил изгаснат преку ноќ, при што била оштетена една врата. Пожарникарите биле повикани на местото на настанот во 1:35 часот наутро, кога Лондонската противпожарна бригада пријавила пожар на адресата „Каунтес Роуд, NW5“.

Се верува дека оваа адреса е семејниот дом на Кир Стармер, каде што живеел со сопругата и децата пред да се пресели на Даунинг стрит број 10, по неговата изборна победа. Полицијата потврди дека пристигнала на местото на настанот и најави дека има штета на влезот во зградата, но дека нема повредени. Истрагата за причините на пожарот е во тек, а улицата „Каунтес Роуд“ останува затворена додека продолжува истрагата.

Полицијата апелира до сведоци и локални жители да дадат информации кои можат да помогнат во истрагата. Куќата, која е со четири соби, била купена од Стармер во 2004 година и моментално се издава под кирија. Вредноста на имотот се проценува на околу два милиони фунти.