По два часа состанок, Таравари соопшти дека Алијанса за Албанците ја напушта владата

од Марта Пешевска
92 прегледи

На денешниот состанок на Алијанса за Албанците, претседателот Арбен Таравари соопшти дека партијата едногласно одлучила да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција. Таравари истакна дека иако партијата донела промените во албанскиот блок пред една година, ветените реформи не се реализирале. Тој најави дека Алијанса за Албанците ќе побара доверба од граѓаните на локалните избори во октомври.

Според Таравари, постои големо незадоволство кај Албанците заради начинот на кој се владее и третманот на Албанците во институциите, а од особено значење е и европскиот пат на Македонија. Tој потврди дека партијата ќе поднесе оставка од владата и дека ќе се изберат нови членови. Во однос на ДУИ, Таравари нагласи дека нема договор, но постои комуникација. И покрај заминувањето во опозиција, тој најави дека ќе се сретне со премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

На состанокот не присуствуваше вицепремиерот Арбен Фетаи, кој бил на пат.

Слични содржини