Мајкл Џордан се враќа во НБА

од Марта Пешевска
568 прегледи From left, Dennis Rodman, Scottie Pippen, Michael Jordan, Ron Harper and Toni Kukoc were big parts of Bulls teams that won three straight NBA titles from 1996 to 1998. Jordan and Pippen were members of the first "three-peat" team, which won titles from 1991 to 1993. (Nuccio DiNuzzo/Chicago Tribune/TNS)

Мајкл Џордан, еден од најголемите кошаркари во историјата на НБА, се враќа во светот на кошарката, но не како играч. По 23 години од последното играње во НБА, Џордан ќе се приклучи на тимот на NBC Sports, каде ќе работи како „специјален соработник“ при преносите на НБА натпреварите.

Се враќа на годишнината од неговиот легендарен број „23“, кој остави голем траг во светот на кошарката. Џордан, кој беше сопственик на Шарлот Хорнетс до 2023 година, ќе помогне во коментаторскиот тим на NBC, кој ја продолжува својата долгорочна соработка со НБА, со мултимилионски договор за следните 11 сезони.

Ова не е првпат Џордан да има важна улога во НБА и медиумите. И покрај тоа што не се враќа како играч, неговото име и искуство ќе бидат голем додаток на преносите, кои ќе вклучуваат и натпревари од WNBA.