Суд во Париз го прогласи францускиот актер Жерар Депардје за виновен за сексуален напад врз две жени на филмски сет во 2021 година, во еден од најзначајните случаи на #MeToo што се појавиле пред судовите во Франција, објави CNN.
Депардје, истакната личност во француското кино, постојано негираше каква било вина за време на судењето, а неговиот адвокат побара отфрлање на обвиненијата. Сепак, судијата Тиери Донард го сметаше објаснувањето на Депардје за инцидентот за неубедливо.
Државното обвинителство побара од судот да му изрече условна казна затвор од 18 месеци на 76-годишниот Депардје и парична казна од 20.000 евра.