Том Харди отворено за здравствените проблеми: „Се распаѓам…и нема да биде подобро“

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Актерот Том Харди (47) проговори за своето здравје, велејќи дека неговото тело „се распаѓа на парчиња“ сега кога е во средни години. Тој зборуваше за своите тешкотии во интервју за „Ескваер“.

„Денес ми се врти главата. Го земав лекот и почнува да делува, па се чувствувам подобро, но седев на интервјуа, и знаете кога не се чувствувате добро и не можете никому да кажете?“ рече тој. Потоа се пошегува за можноста да се онесвести за време на интервјуто и откри со што уште се соочува кога станува збор за неговото здравје.

„Имав две операции на колено, имам дискус хернија на грбот, имам и ишијас. И го имам ова… Дали е плантарен фасциитис? Од каде дојде? И зошто? Зошто јас?“ рече тој.

Тој исто така открил дека истегнал тетива на колкот. „Како сè да се распаѓа и нема да биде подобро“, додаде актерот.

Во интервјуто, тој спомена некои медицински достигнувања што би можел да ги истражи и рече дека веројатно би размислил за третман со матични клетки.

„Мислам дека ако се појави ситуација и ми се чини разумна, го прифаќам советот“, рече тој.

И покрај сите здравствени проблеми, актерот продолжува да вежба и да практикува џиу-џицу, во кое заработи виолетов појас.

Слични содржини