13
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се сретна со новата специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дама Карен Пирс. На средбата присуствуваа и британскиот амбасадор Метју Лосон и одбранбеното аташе, потполковник Едвард Џон Грин.
Мисајловски ѝ честиташе на Пирс за новата функција и изрази благодарност за поддршката што Велика Британија ѝ ја дава на македонската Армија. Тој нагласи дека соработката меѓу двете армии е силна и придонесува за посигурна безбедност во регионот.