Том Круз ги остави класичните костуми зад себе и денес со гордост ги покажува своите мускулести раце во поопуштени и модерни комбинации. Очигледно е дека новиот стил му прилега совршено – и визуелно и по самодовербата што ја зрачи.
Популарниот актер пристигна на Канскиот филмски фестивал за да го промовира најновиот и воедно последен дел од легендарната шпионска франшиза Невозможна мисија. Насмевката не му се симнуваше од лицето – иако не е јасно дали причината е позитивниот прием на филмот или, можеби, нова љубов во неговиот живот.
За време на фестивалот, Круз привлече внимание не само со своето присуство, туку и со изгледот. Далеку од класичниот црн костум, актерот избра да се појави во речиси целосно бордо комбинација – боја што доминира оваа сезона. Носеше плетена маица и панталони со линија во истата нијанса, додека од модниот „ризик“ се воздржа – наместо бордо чевли, се одлучи за класични црни кои совршено се вклопија со неговите очила за сонце.
Иако франшизата Невозможна мисија не му донесе ниту еден Оскар, Златен глобус или БАФТА, му донесе нешто друго – огромна заработка. Според порталот Finance Menly, Круз има заработено меѓу 420 и 435 милиони американски долари од оваа филмска сага.
Том Круз можеби го завршува своето поглавје како таен агент на големото платно, но очигледно е дека отвора ново – како модна икона и, секако, среќен човек што ужива во секој момент.