Веста дека Новак Ѓоковиќ ја прекинал соработката со Енди Мареј не го изненади Рик Мејси, поранешниот тренер на сестрите Вилијамс. Мејси имаше многу интересен став за информациите за прекинот на соработката меѓу добрите пријатели.
– Таа разделба има повеќе врска со „Џокер“ отколку со Енди. Се надевам дека следниот тренер ќе ја запали неговата искра и ќе ја разбуди неговата желба.
Мејси даде „предлог“ за тоа кој треба да го наследи Шкотланѓанецот.
– Господинот огледало е мојот прв избор за тренер на Новак. Тој треба ментално да ги наполни батериите, не му треба нов тренер. Ако го притисне прекинувачот, можеби ќе се опушти и ќе се врати на старото ниво – рекол познатиот тренер.
Следната недела, Ѓоковиќ очекува учество на АТП турнирот во Женева, каде што ќе има генерална проба за вториот Гренд слем во сезоната – Ролан Гарос.