(Вознемирувачко)Објавено нецензурираното видео во кое Диди ја тепаше својата поранешна девојка

од Nikola Popovski
1,7K прегледи

Американските медиуми објавија нецензурирано видео во кое Диди ја злоставува својата поранешна девојка Кеси Вентура во 2016 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Калифорнија.

Таа носела голема торба и одела по ходник од хотелот, по што свртела лево во дел што не е видлив на видеото. Неколку секунди подоцна, раперот почнал да трча по неа и бил полугол.

После тоа, тој ја влече по подот, што може да се види на видеото. Вентура останува на подот додека Диди се враќа во собата.

На видеото може да се види и неговиот обезбедувач. Вентура на крајот успеала да го напушти хотелот. Би-Би-Си претходно ја објави оваа снимка, но беше цензурирана.

Ова видео беше прикажано додека Вентура сведочеше против Диди во судница. Меѓу другото, таа изјавила дека тој принудувал машки проститутки да уринираат во нејзината уста. Таа била крајно потресена и плачела.

Вентура моментално е бремена осум месеци и очекува дете со својот сопруг Алекс Фајн.

Слични содржини