ЕСМ е со загуби, но Божиновска верува дека со обновливи извори и домаќинско работење ќе се подобри состојбата

од Љубиша Владимиров
40 прегледи

ЕСМ работи со загуби, бидејќи продажната цена е пониска од производствената, што според бизнис логиката не е одржливо. Сепак, министерката за енергетика, Сања Божиновска во вечерашното гостување на „Топ Тема“, изјави дека со домаќинско работење и вложување во обновливи извори на енергија може да се постигне промена.

„ЕСМ е столбот на нашата енергетика. Нема да се фокусираме само на РЕК, туку ќе го зголемиме производството преку нови обновливи извори и ќе ги намалиме трошоците,“ рече Божиновска.

Министерката истакна дека енергетиката не се планира од денес за утре и дека енергетската стратегија треба да се спроведува постепено. Таа додаде дека сите институции треба транспарентно да ги информираат граѓаните за своите активности, инвестиции и проекти.

Слични содржини