Морезмо: Алкараз не е новиот Надал

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Директорката на Ролан Гарос, Амели Морезмо, не би го нарекла Карлос Алкараз новиот Рафаел Надал. Таа истакна дека „големата тројка“ е неповторлива, но дека Алкараз има одлична иднина пред себе.

Шпанецот веќе има четири Гренд слем титули, од кои една ја освои во Париз минатата сезона.

„Новиот Рафа? Не мислам дека некој ќе биде новиот Рафа, новиот Роџер или новиот Новак. Би се мразела себеси ако го кажам тоа. Алкараз е еден од младите играчи кои покажуваат неверојатен талент на теренот, дух, ментална сила, а покрај тоа е и физички силен. Тој веќе освои неколку Гренд слем титули. По „големата тројка“, сите сакаме да видиме некој што би освоил 20 или повеќе Гренд слем титули“, рече Моресмо.

Алкараз ќе се соочи со Јаник Синер во финалето во Рим во недела од 17:00 часот.

Слични содржини