НБА легенда: Јокиќ е подобар од Леброн, Кари и Дурант заедно

од Nikola Popovski
287 прегледи

Веќе е секојдневие да се зборува за настапите на еден од најдобрите кошаркари, Никола Јокиќ во НБА лигата. Една од најдобрите поранешни кошаркари и ѕвезда на Бостон Селтикс, Пол Пирс оди дотаму што истакнува дека Србинот е подобар од Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурант. И тоа вели дека кога биле на врвот на своите кариери.

Еден од најдобрите шутери на сите времиња во американската лига е фасциниран од она што го прави кошаркарот на Денвер Нагетс.

„Кога ќе ги погледнете бројките на Јокиќ, без да ги броите титулите, можете да кажете дека тој е подобар од Леброн, Кари и Дурант заедно. Тројцата се темел на оваа генерација, но патот на Јокиќ во последните четири години е можеби дури и потежок од нивниот. Единственото нешто што му недостасува се прстени, а единствениот со кој може да се спореди е Џордан“, рече Пирс во поткастот на Кевин Гарнет.

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо, исто така, доби интересно прашање – да избере група од петмина со кои би се борел за опстанок во џунгла и би се борел со голи раце против горили. Освен себеси, тој ги наведе и имињата на Никола Јокиќ, Стив Адамс, Зек Еди и Ивица Зубац.

За потсетување, Јокиќ и Нагести го игра седмиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција против Оклахома Сити во недела навечер (21:30 часот) за место во финалето на Западната конференција.

Слични содржини