Победа за крај и збогум по 132 години!

од Nikola Popovski
209 прегледи

Евертон го победи Саутемптон со 2-0 во 37-то коло од Премиер лигата, со головите на Илман Ндијаје, збогувајќи се со иконскиот стадион „Гудисон Парк“ по 132 години и 2.797 натпревари.

„Карамелите“ се селат не толку далеку, само на поголем стадион, додека Гудисон останува таму каде што е и на него ќе го игра женскиот тим на Евертон од следната сезона.

Фудбалерите на Евертон имаат нов дом, новоизградениот стадион „Хил Дикинсон“, кој има поголем капацитет од „Гудисон“, и тоа е клучната причина за преселбата и збогувањето што резултираше со победа на крајот.

Новиот стадион е со капацитет од речиси 53.000 седишта, а само пред два дена беше откриено дека стадионот ќе го носи името по спонзорската компанија „Хил Дикинсон“, која е основана во Ливерпул уште во 1810 година.

Ендиај постигна два гола во првото полувреме и им го отвори патот на „Карамелите“ до победа против испаднатиот Саутемптон, кој одамна се пресели во Чемпионшип.

Вистинска прослава беше видена на збогувањето од „Гудисон“, каде навивачите, и стари и млади, пееја, плачеа и се прегрнуваа додека се збогуваа со нешто што има огромна традиција што сите треба да ја почитуваат.

Евертон моментално е на 13-то место на табелата во Премиер лигата по 37 одиграни кола.

Слични содржини