Охридската полиција информира дека синоќа по полноќ уапсиле 33-годишен маж, кој е осомничен дека ги киднапирал членовите на семејството на 36-годишен маж и побарал и примил пари во замена за нивно ослободување.
На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик.
Според тоа, претходно бил пријавен дека при телефонски разговор со Џ.Х.Д. (36) од Охрид, побарал и примил пари за ослободување на сопругата, малолетната ќерка и бабата на Џ.Х.Д.
-СВР Охрид, по упатствата на јавниот обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесен соодветен извештај, велат од Охридската полиција.