Никол Кидман соработувала со многу познати имиња во текот на својата кариера, но неодамна откри зошто никогаш не би снимала филм со својот сопруг Кит Урбан.
За време на премиерата на втората сезона од серијата „Nine Perfect Strangers“, таа рече: „Ние сме заедно во реалниот живот, не треба да снимаме заедно. Нашиот живот е веќе шоу.“
Никол и Кит се запознале во 2005 година и двајцата се заљубиле, тврдат тие, на прв поглед. Сепак, на Урбан му беа потребни четири месеци за да и се јави на Никол, а во 2006 година ја изненадил со цвеќе во 5 часот наутро на нејзиниот роденден. Тие се венчале истата година.
Во бракот имаат две ќерки, Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Сандеј неодамна одлучи да направи нов чекор во својата модна кариера и одлучи да го поедностави своето јавно име. Според тоа, наместо Сандеј Роуз Кидман-Урбан, таа се претставува како Сандеј Роуз.
Сандеј Роуз првпат стапна на модната сцена во октомври 2024 година на ревијата на модната куќа Miu Miu, а нејзината мајка призна дека на почетокот била претпазлива во врска со тој ангажман. Сепак, улогата на модната ревија беше речиси неизбежна бидејќи креативниот директор беше воодушевен од неа.
„На Miuccia Prada едноставно ѝ се допадна и рече дека ја сака во шоуто“, изјави Никол Кидман за „Холивуд репортер“.