По трагедијата во Кочани, мајка на починато дете остро реагира на тајните средби кои властите ги имале со дел од родителите на загинатите. Таа јавно побара сите родители кои учествувале на овие средби да се претстават со име и презиме, за да нема недоразбирања и скриени информации.
Во својата објава на Фејсбук, мајката изрази револт што родителите биле малтретирани на патот кон Скопје, додека за тие што имале одделни средби било постигнато договор, без присуство на сите. Мајката истакна дека секое доцнење во реакцијата носи последици и дека тие како родители бараат јасни и отворени информации, како и правдина за загубата што ја доживеале.
„И како тие жени, мајки, медицински сестри, наставнички, професорки и од други професии не ли се пронајдоа како понижени дека се враќаат во нокните часови и дена нивните деца се безбедни? И тоа не ми е јасно“, стои во објавата на Фејсбук.