Делови од неколку скопски општини денеска без струја

од Nikola Popovski
18 прегледи

Без електрична енергија денеска во периодот од 08:30 до 13:30 часот ќе останат корисниците од село Крушопек, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците на ул.1 во село Копаница во општина Сарај, соопшти ЦУК.

Од 09:00 до 15:00 часот, струја ќе немаат и корисниците на улиците Руди Чајавец, Милан Зечар, Коста Новаковиќ во опшина Аеродром.

Од 10:30 до 12:00 часот, струја ќе немаат и корисниците на дел од село Бардовци, кај пругата, во општина Карпош.

Слични содржини