Професорот Трајко Славески е изборот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за нов гувернер на Народната банка, според неофицијални извори, објави порталот „Пари“. Неговото име долго време се споменуваше како главен кандидат за оваа функција.
Славески, редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ и поранешен министер за финансии, засега не ја потврдува ниту негира информацијата, со оглед на тоа дека конечната одлука треба да ја донесе Собранието.
Тој е актуелен претседател на Советот на Град Скопје и долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, каде учествувал во изработката на партиските економски програми.
Мандатот на досегашната гувернерка, Анита Ангеловска-Бежоска, завршува денес, но таа ќе остане на функцијата додека не се избере нов гувернер. Неговиот седумгодишен мандат беше оценет како успешен за македонската економија.