– Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го осуди убиството на двајца вработени во израелската амбасада пред Еврејскиот музеј и рече дека „омразата и радикализмот немаат место во САД“.
Трамп го осуди нападот преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека убиствата биле јасно мотивирани од антисемитизам.
„Овие ужасни убиства во Вашингтон, кои јасно се засноваат на антисемитизам, мора да престанат, сега! Омразата и радикализмот немаат место во САД. Сочувство до семејствата на жртвите. Тажно е што може да се случат такви работи. Господ да ве благослови сите“, напиша Трамп, пренесе Ројтерс.
Двајца вработени во израелската амбасада, маж и жена, се убиени во пукање пред Еврејскиот музеј во Вашингтон, а осомничениот е уапсен, соопштија безбедносни извори.
Портпаролот на израелската амбасада Тал Наим Коен потврди дека двајца службеници биле застрелани додека присуствувале на еврејски настан во музејот, пренесува „ABC News“.
Тој додаде дека амбасадата има „целосна доверба во надлежните органи“ во САД и повика на брза истрага.
Терористички напад во Вашингтон, убиени израелски дипломати
Извршниот директор на Американскиот еврејски комитет Тед Дојч изјави дека комитетот го организирал настанот во музејот и изразил жалење за насилството, пренесува Танјуг.
Безбедносните службеници запознаени со деталите за инцидентот изјавија дека маж кој се движел пред Музејот отворил оган, удирајќи маж и жена.
Пукањето се случило во близина на канцеларијата на ФБИ во Вашингтон, а ФБИ веднаш испратила екипа на местото на настанот. Американскиот јавен обвинител Пем Бонди го посети местото на злосторството. Осомничениот, како што јави NBC News, извикувал „Слободна Палестина“.
Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, го нарече инцидентот „антисемитски тероризам“, додека министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем вети дека сторителот ќе одговара. Извори за ABC изјавија дека полицијата ги испрашува луѓето од интерес.