Менаџерот на Лестер Сити, Руд ван Нистелрој, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, објавија англиските медиуми.
Раководството на „Лисиците“ сè уште не одлучило со кого сака да го замени.
„Расел Мартин и Дени Рол се меѓу кандидатите, но клубот не сака да продолжи со ниту еден од нив од почит кон Ван Нистелрој додека не се постигне договор за негово заминување“, напиша новинарот Роб Дорсет на социјалните мрежи.
По 37 кола, Лестер Сити е на 18-то место на табелата во Премиер лигата со 25 бода. Тимот рано испадна во Чемпионшип лигата.