Марк Закерберг трошел 24 милиони долари за безбедност – зошто милијардерите се толку загрижени?

од Марта Пешевска
36 прегледи

Американските милијардери сè повеќе се грижат за својата безбедност како никогаш досега. Најголемите богаташи, како Марк Закерберг, основачот на „Мета“, ангажираат големи тимови за лична заштита, а трошоците за безбедност постојано растат. Само „Мета“ минатата година потроши 24,4 милиони долари за заштита на Закерберг и неговото семејство, а се верува дека тој плаќа дополнително и од свој џеб.

Закерберг има еден од најголемите безбедносни тимови меѓу милијардерите – околу 20 вработени со полно работно време. Тој е познат по тоа што е многу авантуристички настроен и секогаш има тим кој го следи, дури и кога вози планински велосипед или се занимава со водни спортови.

Зголемената загриженост за безбедноста кај богатите доаѓа во време кога нападите и заканите кон милијардерите и високите претставници на компаниите се почести. Во декември беше убиен извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“, Брајан Томпсон, што предизвика дополнителна вознемиреност. Потоа следеа случаи на киднапирање и палежи поврзани со богати и познати лица.

Истражувањата покажуваат дека голем дел од младите Американци, помеѓу 18 и 29 години, го оправдуваат насилството врз милијардерите, а компаниите што ги вработуваат се принудени да инвестираат големи суми во обезбедување. Компанијата „Алајд Јуниверсал“, најголем снабдувач на приватни безбедносни услуги во светот, забележа дури 1.500% зголемување на барањата за проценка на ризици во споредба со претходната година.

Безбедноста на богаташите не се состои само од телохранители. Тимовите вклучуваат и експерти за следење закани, возачи со обука за безбедност, обезбедување на домови со камери и вооружени чувари, како и специјалисти за безбедно патување. Годишните трошоци за целосен безбедносен тим почнуваат од два милиони долари и често се многу повисоки.

Според експертите, милијардерите најчесто се изложени на закани и измами од луѓе од својата блиска околина – вработени, роднини или поранешни соработници. Најголем страв им е за безбедноста на нивните деца, кои може да станат мета на киднапирање или злоупотреба. Поради тоа, многу семејства користат тајни уреди за следење и ангажираат обезбедување без децата да знаат.

Иако загриженоста за безбедноста кај богатите расте, експертите велат дека овој тренд може да биде временски, бидејќи јавноста ќе заборави ако нападите и заканите не се зголемат.

Слични содржини