Претседателот Доналд Трамп изјави дека „препорачува“ воведување царини од 50 проценти за стоки од Европската Унија увезени во Соединетите Американски Држави.
„Нашите преговори со нив не водат никаде!“, напиша тој во објава на социјалните мрежи.
Ова соопштение претставува нова ескалација на трговската војна на Трамп со Европската Унија, која веќе е погодена со општа царина од 20 проценти за целиот извоз во САД.
Трамп, исто така, се закани дека ќе воведе данок од 25 проценти за увоз на „Ајфони“ што не се произведуваат во Америка.