Двете лица заболени од мајмунски сипаници да бидат во самоизолација, е препораката на Комисијата за заразни болести

од desk4
28 прегледи

Министерството за здравство потврди два случаи на мајмунски сипаници во земјава. Комисијата за заразни болести веднаш препорача самоизолација и здравствен надзор за заболените лица.

Се следат и лицата кои биле во близок контакт со заболени – доколку покажат симптоми, ќе бидат тестирани во Институтот за јавно здравје.

Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на личната хигиена и, при појава на симптоми, веднаш да се обратат кај својот матичен лекар.

Во меѓувреме, до матичните лекари ќе биде доставена информација со насоки за постапување со сомнителни случаи.

Министерството уверува дека состојбата се следи постојано и ќе се реагира навремено – приоритет останува заштитата на јавното здравје.