Зеленски: Ноќните напади покажуваат дека Русија го блокира прекинот на огнот

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека нападот извршен преку ноќ со руски беспилотни летала и балистички ракети е нова демонстрација дека Москва го блокира договорот за прекин на огнот за завршување на војната.

„Беше тешка ноќ за цела Украина. Со секој таков напад, Москва му покажува на светот причина да ја продолжи војната“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм.

Тој нагласи дека само дополнителни санкции против клучните сектори на руската економија би ја принудиле Москва да се согласи на прекин на огнот.

Слични содржини