Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои АТП турнирот во Женева и со тоа стигна до 100. трофеј во кариерата откако денеска во финалето го совлада Полјакот Хуберт Хуркач по големиот пресврт со резултат 2:1 (5:7, 7:6(7:2), 7:6(7:2)).
Од 100-те титули на Ѓоковиќ, 24 се највредните можни, од Грен слем турнирите, 40 се од Мастерс, а седум од завршните мастерс сезони.
Минатата година Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри во Париз, со што триумфираше барем еднаш на буквално секој можен турнир.
Како освојувач на купот во Женева, Ѓоковиќ доби чек од 90.675 евра и 250 АТП поени, додека поразениот финалист инкасираше 52.895 евра, пренесува Танјуг.