Мекинро: Не можете да го отпишете Ѓоковиќ, има најдобар ждреб

од Nikola Popovski
54 прегледи

Тениската легенда Џон Мекинро е убеден дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има реални шанси да го освои Ролан Гарос.

– Можете да зборувате за неговите порази и да кажете дека има 38 години и е премногу стар. Времето го стигна, но, никогаш не смеете да го отпишете, потсетува седумкратниот шампион на Гренд слем турнирите на успесите на Ѓоковиќ пред триумфот во саботата во Женева.

Легендарниот Американец, кој никогаш не триумфираше во Париз, ја објасни својата проценка за „Тенис 365“:

– Тој има најдобар ждреб од сите претенденти за титулата. За мене, тој е трет кандидат за победа, но што ако еден од првите двајца се повреди. Затоа мислам дека има реални шанси.

Првите двајца претенденти, според Мекинро, се Карлос Алкараз и Јаник Синер.

Александар Зверев, кој исто така е пред Ѓоковиќ на светската листа, минатата година играше во финалето на Ролан Гарос, но Мекенро не верува во шансите на третиот тенисер во светот.

– Зверев не игра со истата самодоверба како пред поразот во финалето на Австралија Опен. Тој меч многу го погоди, особено психолошк. Едноставно не игра како порано, смета Мекинро.

Со оглед на тоа што Зверев е проектираниот противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето во Париз, има смисла зошто нивниот натпревар би можел да биде важен:

– Постои јасна можност двајцата да се сретнат тогаш, и не верувам дека Новак би бил аутсајдер ако тоа се случи. Дури ни ако некој друг му е противник, констатира поранешниот тенисер.

Ѓоковиќ утре ќе го одигра својот прв меч во Париз против Американецот Мекензи Мекдоналд, која е рангиран на 98-мо место во светот. Ако нема изненадувања, не би требало да има многу проблеми до осминафиналето.