Германската економија се соочува со сериозни последици доколку се разгори царински конфликт со САД, а тоа особено нема да им одговара на фармацевтската, автомобилската и машинската индустрија.
Ескалацијата значи големи загуби за овие сектори, според студија нарачана од Фондацијата за семеен бизнис, објави Сибиз. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе или најави високи царини за стоки од целиот свет и предизвика неизвесност со своите бројни промени во економската политика.
Поради ова, постојат тензии со Европската Унија, но и со Кина. Истражувањето разгледува различни сценарија за ескалација меѓу ЕУ и САД, со посебен фокус на германските семејни бизниси. Студијата ја подготви Габриел Фелбермаур, директор на Австрискиот институт за економски истражувања во Виена, заедно со тим од Институтот за светска економија во Кил.
Така, во сценариото на „царинска војна“, претпоставката е дека Трамп ќе воведе рамни дополнителни царини од 25 проценти за целиот увоз на стоки од ЕУ, а Унијата ќе одговори со исти давачки за увоз од САД. Исто така, се очекува да следи данок на увоз на услуги од Америка.