Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на американските амбасади да ги суспендираат закажаните термини за студентски визи додека се подготвува да го прошири процесот на проверка на социјалните медиуми за студентите.
Во копија од меморандумот испратен до дипломатските мисии, државниот секретар Марко Рубио рече дека паузата ќе трае „до понатамошно известување“.
Тој додаде дека проверката на социјалните медиуми ќе биде засилена за студентски и разменувачки визи, објави Си-Би-Ес њуз.
Засилената проверка дојде откако Трамп рече дека некои американски универзитети се премногу „левичарски“ и промовираат „антисемитизам“, објави Танјуг.
Американскиот претседател неодамна се обиде да му забрани на Харвард да прима странски студенти, но федерален судија ја блокираше наредбата.