САД се загрижени дека Израел ќе го нападне Иран без предупредување

од Milan1
14 прегледи

Американските власти се загрижени дека Израел би можел без предупредување да го нападне Иран поради неговата нуклеарна програма, објави денеска „Њујорк тајмс“.

Во извештајот се вели дека американските разузнавачки агенции веруваат дека Израел би можел да се подготви за напад за само седум часа, со што САД немаат време да извршат притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се откаже од таков план.

„Њујорк тајмс“ наведува дека американските разузнавачки агенции се сомневаат во ефикасноста на едностраниот израелски напад, додека израелските власти веруваат дека САД нема да имаат друг избор освен да му пружат помош на Израел доколку Техеран возврати, пренесува Танјуг.

Во извештајот се наведува и дека израелските власти му кажале на Вашингтон дека нападот би можел да биде извршен дури и ако се постигне нуклеарен договор меѓу САД и Иран.

Овие наводи следат по извештаите за несогласувања меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер околу иранската нуклеарна програма.

Слични содржини