🎥Навивачите на Бетис и Челси се судрија, полицијата употреби солзавец

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Финалето од Конференциската лига помеѓу Бетис и Челси ќе се игра во Вроцлав во среда во 21 часот, а финалето имаше не толку убава увертира на улиците.

Навивачите на Бетис и Челси се судрија на улиците на Вроцлав. Полицијата мораше да интервенира, дури и употреби солзавец.

Судирите започнаа пред кафулињата каде што се собраа навивачите во текот на попладнето, летаа столчиња и разни други предмети, а сè ескалираше до тој степен што полицијата испука солзавец.

Истрагата е во тек, според локалните медиуми, а присуството на полицијата е зголемено во сите делови од градот каде што се собираат навивачите.

Покрај полицијата, а како што објави Министерството за внатрешни работи, на улиците има толку голем број полицајци што секој може да се чувствува безбедно, на терен има и пожарникари и спасувачи, а се врши надзор од беспилотни летала и хеликоптери.