16
Откако веќе практично го договорија Џереми Фримпонг и се во најдобра позиција да го привлечат Флоријан Вирц, Ливерпул влегува во битка за трета ѕвезда од Бундеслигата.
Според Флоријан Плетенберг од „Скај Спортс Германија“, тимот од Мерсисајд веќе води разговори за напаѓачот на Ајнтрахт (Франкфурт) Уго Екитике. Според изворот, и Арне Слот и Мајкл Едвардс го сакаат 22-годишниот Французин на „Енфилд“.
Од денес, најголемиот конкурент на Ливерпул за Екитике е Челси. Франкфурт сè уште не добил официјална понуда за својот најдобар стрелец, но сака сериозна трансферна сума од околу 100 милиони евра за него.
Англискиот шампион сигурно бара нов централен напаѓач, а се очекува Дарвин Нуњез да биде продаден.