📷 Еве како изгледале Брижит Макрон и нејзиниот прв сопруг на нивната свадба пред 50 години: Некои веруваа дека е измислен, а тој бегал од јавноста како ѓавол од крст

од Марта Пешевска
79 прегледи

Долго време кружеле гласини дека првата дама на Франција, Брижит Макрон, всушност нема минато, дека нејзиниот претходен живот е целосно измислен, и дека нејзиниот прв сопруг никогаш не постоел. Теории на заговор ја доведуваа во прашање нејзината биографија, дури и нејзиниот родов идентитет, но еден мал број фотографии и сведоштва од блиски луѓе ја откриваат вистинската приказна – една мирна, приватна љубовна приказна која започнала пред речиси 50 години, далеку од светлата на политичката сцена.

На една ретка фотографија, направена на нејзината свадба во јуни 1974 година, се гледа млада Брижит Троние, облечена во скромен венчален фустан, насмеана покрај својот тогашен сопруг, Андре-Луј Озие. Тој носи класично одело и очила, со воздржана насмевка, типична за човек кој не сака да биде во центарот на вниманието. Тоа се едни од ретките докази дека овој човек навистина постоел – банкар по професија, роден во Камерун во 1951 година, кој целиот свој живот ја ценел приватноста повеќе од сè.

Со Брижит имал три деца: Себастијан, Лоренс и Тифин. Живееле тивко, далеку од јавноста, сè додека Брижит не влегла во вртлогот на медиумскиот интерес поради врската со многу помладиот Емануел Макрон – нејзиниот тогашен ученик. Озие, шокиран од развојот на настаните, поднел барање за развод, кој бил финализиран во 2006 година. Година подоцна, Брижит и Емануел се венчале.

По разводот, Озие исчезнал од јавната сцена. Не дал интервјуа, не се појавувал на фотографии, не го коментирал бракот со Брижит ниту нејзиниот подоцнежен живот со францускиот претседател. Луѓето што го познавале велат дека бил тивок, неконвенционален и доста затворен човек. Својата приватност ја чувал како најголемо богатство, бегал од медиумите како „ѓаволот од крстот“, како што велат некои блиски до семејството.

Починал во декември 2019 година, на 68-годишна возраст. Неговата ќерка објави дека тој бил погребан во најстрога тајност на 24 декември на гробиштата Пјер-Лашез во Париз, каде што почиваат големи имиња како Џим Морисон, Едит Пјаф и Оскар Вајлд. „Го обожавав. Тој беше посебно суштество. Неконформист кој ја ценеше својата анонимност повеќе од сè. Тоа мора да се почитува“, напиша таа.

И покрај тоа што некои и денес се обидуваат да ја претстават Брижит Макрон како контроверзна личност без минато, фотографијата од нејзината свадба со Андре-Луј Озие сведочи за еден поинаков живот – живот пред политиката, пред гласините, пред камерите. Иако тој човек замина од овој свет во тишина, остави зад себе трага – не сензационална, туку тивка и човечка.

Слични содржини