Мицкоски го цитираше Трамп и го пофали Орбан на најголемиот собир на конзервативци

од Nikola Popovski
27 прегледи

Денес во духот на соработката, длабоко ја цениме поддршката на нашите стратешки партнери, како што впрочем е и Унгарија чиј пример не инспирира уште повеќе да ги застапуваме вредностите во кои веруваме, изјави премиерот Христијан Мицкоски на CPAC конференцијата во Будимпешта.

Премиерот цитираше зборови од говор на американскиот претседател, Доналд Трамп.

„Основната потреба на нашето време е да имаме нации што ќе ги бранат своите култури, граници и вредности“. Ние, застапниците на овие вредности имаме обврска оваа идеја да ја прифатиме, афирмираме и реализираме. Семејството – најсветата институција што ја создал Бог. Денес кога некои се обидуваат да го редефенираат семејството, ние се обидуваме да ја заштитиме основната клетка и вредност. Семејството е нашиот темел и нашите татковини се нашата основа. Секоја нација е силна колку што се силни нејзините семејства. Верувам дека ова е патот кој што треба да изодиме, рече меѓу другото Мицкоски во обраќањето.

Премиерот посочи дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е еден од лидерите кои ги промовираат вредностите во Европа и за чија активна улога треба да биде поддржан и поздравен.

-Ветриштата на промени кои ги започна администрацијата на претседателот на Трамп е политика на раст и враќање на надежта. Во таа насока, ве повикувам да ја зајакнеме нашата духовна отпорност, да го одбраниме нашиот суверенитет и да го заштитиме традиционалното семејство. Како што вели една македонска народна мудрост – „еден човек може да направи разлика, но сите заедно можеме да направиме историја“…, истакна Мицкоски на најголемиот собир на конзервативци, на последниот панел со назив „Бог, татковина, семејство“.

Слични содржини