Москва подготвува страшна одмазда: Германската фабрика за ‘Таурус’ на нишан!

од Марта Пешевска
27 прегледи

Москва остро реагира на можноста Украина да користи германски крстосувачки ракети „Таурус“ за напади врз цели длабоко на руска територија. Рускиот воен аналитичар и главен уредник на списанието „Национална одбрана“, Игор Коротченко, изјави дека доколку таквите напади бидат потврдени, Русија тоа ќе го смета како директно вклучување на Германија во војната.

„Ако украинските вооружени сили навистина изведат напади со ракети ‘Таурус’ врз цели во внатрешноста на Русија, тоа ќе значи дека Германија влегла во отворен конфликт против Русија,“ рече Коротченко за руската новинска агенција РИА Новости.

Според него, Русија веќе сега треба да размислува за конкретни одговори во случај на таков развој на настаните. Тој најави можен одмазднички удар врз фабриката во Германија каде што се произведуваат овие ракети.

„Тоа е единствена фабрика во Германија за производство на ‘Таурус’, сместена надвор од урбани средини. Напад ноќе не би предизвикал човечки жртви, но целосно би ја уништил можноста Германија да произведува вакви ракети,“ објасни Коротченко, додавајќи дека за ова би биле доволни два „Орешник“ ракетни системи со по шест ненуклеарни хиперсонични боеви глави.

Реакциите доаѓаат откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија, заедно со Велика Британија, Франција и САД, ги укинала ограничувањата за употреба на оружје испорачано на Украина, дозволувајќи ѝ на Киев да напаѓа цели на руска територија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, исто така предупреди дека Русија ќе го смета секој напад со ракети „Таурус“ како директно учество на Германија во конфликтот. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, порано истакна дека секој товар со оружје за Украина е легитимна цел за руски напад, а Кремљ постојано укажува дека западната воена поддршка за Украина ја отежнува можноста за мирни преговори.

Главната уредничка на медиумската група „Раша денес“ и РТ, Маргарита Симоњан, изјави дека во Москва веќе се водат разговори за можен напад врз Берлин во случај Германија директно да учествува во напади врз Русија. Дополнително, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, порача дека доколку има докази за учество на германски воен персонал во лансирањето на ракети со долг дострел кон Русија, Москва го задржува правото на сите можни одмазднички мерки.

Слични содржини