Романо: Инзаги повеќе не е тренер на Интер – веднаш доби нова работа и ќе заработи богатство

од Марта Пешевска
13 прегледи

Симоне Инзаги беше на чекор до историски успех со Интер оваа сезона. Италијанскиот стратег ја водеше екипата до финалето на Лигата на шампионите, до последните кола во битката за Скудетото, и до завршницата на Купот на Италија. Но, на крајот – без ниту еден трофеј.

И покрај тоа што Интер играше одлично и до последно се бореше на сите фронтови, тимот на Инзаги остана со празни раце. Финалниот пораз од ПСЖ во Минхен беше особено болен, а веднаш по натпреварот, Инзаги навести дека тоа можеби бил неговиот последен меч на клупата на „нероаѕурите“.

Денес, познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо објави дека разделбата е официјална – Симоне Инзаги повеќе не е тренер на Интер. Според информациите, тој ќе ја продолжи својата кариера во Саудиска Арабија, каде што ќе потпише тригодишен договор со амбициозниот клуб Ал Хилал.

Истите извори откриваат дека поранешниот тренер на Лацио и Интер ќе заработи вистинско богатство во новата етапа од својата кариера. Интер сега ќе мора да започне нова ера без Инзаги, додека тој се подготвува за нов предизвик на Блискиот Исток.

Слични содржини