Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитриевски, оцени дека е апсурдно да се бара од Северна Македонија да го вклучи бугарското малцинство во Уставот, додека од друга страна Бугарија не ги почитува основните човекови права на македонските граѓани, како правото на здружување.
Тој истакна дека во Бугарија постои Национален совет за етнички прашања каде се застапени девет етнички малцинства – како Ерменци, Роми, Турци, Грци, Власи, Каракачани и Украинци, но Македонци и Помаци не се признаени, бидејќи не се сметаат за традиционални малцинства од пред формирањето на бугарската држава во 1878 година. Димитриевски го нагласи значењето на внатрешниот дијалог во земјата, кој треба да ги разјасни деталите на договорот и целите на преговорите, со главна цел – почеток на преговорите за членство во Европската Унија.
Политичкиот аналитичар Абдулади Вејсели дополнително посочи дека за да се најде решение, мора да се седне и да се разговара, но дека проблемот е што во процесот често има спротивставени ставови.