Можеби поголеми донатори се тие што молчат, рече Клековски на владината трибина „Кочани е наш приоритет“

од Nikola Popovski
23 прегледи

За состојбата со повредените од кочанската трагедија и како Владата ќе помогне со план, директорот на ФЗО, Сашо Клековски вели дека донации имало и ќе има и „можеби поголеми донатори се тие што молчат во моментот“.

-Имаме пациент кој што е сместен во „Аџибадем систина“ веќе 80 дена на интензивна нега. Вие знаете колку чини интензивна нега таму. Дали тоа значи дека сме немале план или дека ние не работиме како што треба? Не, тоа е дел од планот. Менаџментот таму се понуди исто како „Жан Митрев“ и придонесуваат во совладување на ситуацијата. Моментално во Кочани, сите потреби од дополнителна нега се решени и ги има работите – дел набавени од болницата, дел од донации. Ракавиците се прават по мерка и беше земена од соодветни стручни лица од Бугарија – тоа го финансира „Support Kocani“, како што некои работи ги финансира Црвениот крст. За мене не е прашање зошто е вака туку да обезбедиме се што е потребно. Дел од овие работи не се регистрирани во Македонија и нема брз начин за да стигнат. На нас е да се координираме и сите потреби да бидат покриени. Правиме максимум, рече Клековски на панел дискусија во Владата: „Кочани е нашиот приоритет“, одговарајќи за потребната медицинска опрема на повредените лица кои се рехабилитираат.

Првиот човек на Фондот информира и дека дел од повредените кои се лекувале во странство побарале контролни прегледи во земјите во кои што биле сместени. Станува збор за 5-6 пациенти кои првично беа на лекување во Бугарија. Се најавува дека Владата ќе ги покрие трошоците и за тие лица.

Слични содржини