Воопшто не се плашиме од изборите во ноември, а уште помалку од можноста за завршување на мојот мандат. Јас сум длабоко убеден дека мандатот го дава и го одзема граѓанинот. Мандатот не се чува со страв, туку со работа. Сигурен сум за позитивни резултати во какви било околности, но сметам дека не се наоѓаме во ситуација што бара предвремени парламентарни избори. Имаме стабилно и функционално мнозинство, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши околу евентуално спојување на парламентарните избори заедно со локалните и евентуално прерано завршување на неговиот мандат, во зависност од изборниот резултат.
Гаши оценува дека коалицијата ВЛЕН ниту е „ранета“, ниту претрпе „земјотрес“.
-Напротив, последните политички движења ја докажаа силата и кохезијата на ВЛЕН. Што се однесува до резултатот на локалните избори, ВЛЕН веќе го именуваше шефот на Централниот изборен штаб за локалните избори – пратеникот Аднан Азизи, и веќе се прават потребните теренски анализи. Сигналите што ги добиваме од членството и граѓаните се позитивни и охрабрувачки, вели Гаши во интервју за „Нова Тв“.