Манчестер Сити вчера го комплетираше трансферот на Тиџани Рејндерс, а денес постигнаа договор и за доаѓањето на Рајан Аит-Нури, објави Фабрицио Романо.
Романо со своето препознатливо „Тргнуваме“ објави дека Аит-Нури го напуштил кампот на алжирската репрезентација и се упатил кон Манчестер, каде што ќе помине лекарски прегледи по пристигнувањето, а потоа ќе потпише договор.
Нури има 23 години и во последната сезона, играјќи за Вулверхемптон, беше еден од подобрите леви бекови во Премиер лигата, а Сити ќе плати 40 милиони евра за неговиот трансфер.
„Волците“ на тој начин ќе остварат голема заработка од овој фудбалер, бидејќи го доведоа за 11 милиони евра од францускиот Анже пред четири години.
Ова е продолжение на генерациската смена во Манчестер Сити, а наскоро ќе се комплетира трансферот и на Рајан Черки од Лион, што Романо исто така го објави вчера.