Кортни Кокс, која ја запознавме како Моника од култната серија „Пријатели“, долго време беше голем обожавател на филерите и ботоксот. Како што растеше нејзината слава, така се зголемуваше и желбата да го одржува својот изглед со помош на козметички корекции. Сепак, последиците од тие третмани станаа видливи, а многумина почнаа да забележуваат дека актерката повеќе не изгледа како себеси.
Во 2017 година, Кортни јавно призна дека решила да престане со инјектирањето филери и ботокс. Во разговор за „New Beauty“ таа изјави дека морала да научи да ги прифати природните промени на своето лице и дека филерите всушност не ѝ биле пријател.
„Морав да сфатам дека најприродниот изглед е најдобриот“, рече Кортни, додавајќи дека сега се чувствува подобро бидејќи конечно изгледа како себеси.
Последиците од претходните пластични интервенции сепак останаа видливи, но актерката го избра патот на природната убавина и престана да користи ботокс. Дури и при неодамнешна прошетка низ Беверли Хилс, Кортни ја видовме со минимална шминка и тонирано лице, во лежерно и опуштено издание – токму како што ја паметиме од „Пријатели“.
Courteney Cox, 60, is wrinkle-free as she steps out in Beverly Hills… 20 years after Friends ended https://t.co/0kx64E9WMg
— Zicutake USA Comment (@Zicutake) June 4, 2025