Инстаграм пак ја блокна Карлеуша – пејачката по трета среќа

од Марта Пешевска
48 прегледи

Пејачката Јелена Карлеуша пред неколку недели отвори нов Инстаграм профил, откако нејзиниот претходен беше затворен поради наводен говор на омраза. Меѓутоа, и новиот профил наскоро беше оневозможен, што предизвика големо внимание и шпекулации. Некои веднаш почнаа да зборуваат дека причината за блокирањето на новата сметка е купување лажни следбеници, бидејќи Јелена брзо собра два милиони нови следбеници.

Сепак, пејачката реши јавно да ја разјасни ситуацијата и да ги отфрли овие обвинувања. Таа објасни дека причината поради која новиот профил е блокиран е техничка грешка. „Новата сметка беше откажана затоа што е отворена со иста е-пошта како и претходната, која беше забранета. Ова е системска грешка, за која се надевам дека ќе биде решена. Ако не, ќе отвориме нов профил“, напиша Јелена на платформата X (порано Twitter).

Пејачката исто така додава дека ја споделува оваа информација само за да ги спречи сите „болни луѓе“ да измислуваат изговори и лаги за нејзината сметка. Јасно е дека Јелена не се откажува и дека ќе продолжи да бара начин да остане присутна на социјалните мрежи, каде има голема поддршка од своите фанови.