Бирото за јавна безбедност, по налог на надлежен јавен обвинител приведе неколку лица за институционализирана злоупотреба и системско државно ограбување. Опфатени се 15 правни и 23 физички лица. Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ.
Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор.
Според неофицијални информации, меѓу приведените е и струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Од партијата ВМРО-ДПМНЕ претходно обвинуваа дека Крмзов е близок до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, а неговиот хотел „Вила Парк“ во Струмица го нарекуваа „омиленото место на фамилијата Заеви за собирање рекет“.