Холандски пратеници бараат целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Пратеник од холандската либерална партија Демократи 66, Ханеке ван дер Верф, побара целосна забрана за паметни телефони во сите училишта, не само за време на часовите, како што е случајот во моментов, објави денес холандската RTL Nieuws, наведувајќи дека предлогот е поддржан од мнозинството во холандскиот парламент.

„Во училиштата каде што телефоните се дозволени за време на одморот, часовите често започнуваат со решавање на конфликти што се појавиле на социјалните медиуми за време на одморот. Исто така, игралиштата се повеќе се користат за скролање, наместо за дружење“, рече Ван дер Верф.

Таа најави дека ќе предложи воведување на принципот „дома или во сеф“, што значи дека телефоните треба да останат дома или во сефот на училиштето за време на часовите.

Слични содржини